ЕУ отвора канцеларија во Гренланд во потрага по критични суровини

Минатиот ноември, ЕУ и Гренланд потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за развој на одржливи синџири за снабдување со суровини.

од Бети Божиноска
182 прегледи

Во обид да го зајакне своето партнерство со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија утре ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ќе ја отвори канцеларијата на ЕК во главниот град на Гренланд, Нук, заедно со данската премиерка, Мете Фредериксен, ден по посетата на Фарските Острови.

Гренланд и Фарските Острови не се дел од ЕУ, туку се автономни региони на Данска, која е членка на ЕУ.

Поради топењето на мразот на Арктикот, побарувачката за материјали што се користат за развој на зелени технологии и конкуренцијата од Кина, Гренланд станува се поважен за Брисел. Се верува дека најголемиот остров на светот има 25 од 34 ретки материјали потребни за транзиција кон чиста енергија.

Минатиот ноември, ЕУ и Гренланд потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за развој на одржливи синџири за снабдување со суровини.

Специјалниот советник на Фон дер Лајен за трговија и меѓународни партнерства, Томас Берт, изјави дека Гренланд има многу суровини, како што се ретки земјени елементи и метали, кои ѝ се потребни на ЕУ за зелена транзиција, пишува „Гардијан“.

„Ни недостига пристап до некои од тие материјали. Значи, исклучително е важно да имаме партнери кои можат да ги обработуваат, произведуваат и ископуваат тие критични суровини“, рече Берт.

Советникот на Дон дер Лејен додаде дека пристапот кон ЕУ подразбира „целосна почит“ кон земјата-партнер, така што сите ќе имаат корист.

Берт рече дека Гренланд има огромен потенцијал, но дека е уште во рана фаза кога станува збор за истражување и за потребната инвестиција. Посетата на Фон дер Лајен, според Берт, треба да се сфати како геополитичка, со порака до Гренланд дека, иако не е дел од ЕУ, тој е дел од Европа.

Тој го пофали Гренланд поради почитувањето на многу санкции на ЕУ против Русија и додаде дека Унијата сака да ги подигне односите со островот на повисоко ниво.

Министерката за економија, трговија и суровини на Гренланд, Наја Натаниелсен, рече дека новата канцеларија на ЕК ќе служи како „локална платформа за трансатлантска соработка меѓу ЕУ и Гренланд и дополнително ќе се надоврзува на веќе постоечките и развиени односи кои траат со децении.

„Договорот за минерални суровини е од заеднички интерес,“ истакна Натаниелсен, додавајќи дека на Гренланд му е потребна билатерална соработка за развој на секторот, за што се потребни значителен капитал и долгорочни инвестиции.

„Ако западниот свет сака одржливи разновидни безбедни синџири на снабдување, некои од тие минерали ќе мора да доаѓаат од помали земји, како Гренланд. Ние немаме економска сила сами да инвестираме во секторот за минерални суровини“, објасни Натаниелсен.

Слични содржини