ЕУ подготвена повторно да се ангажира со Турција, но поставува услови

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Министрите за надворешни работи на Европската унија во четвртокот се согласија дека блокот треба повторно да се ангажира со Турција, но поставија некои услови и не ги поддржаа повиците на Анкара да ја оживее нејзината замрзната кандидатура за членство, пренесува „Фена“.

Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но пристапните преговори се заглавени од 2016 година поради загриженоста на блокот поради кршењето на човековите права и почитувањето на владеењето на правото.

Но, на 10 јули, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во неочекуван потег, повика на повторно отворање на пристапните преговори на Анкара, поврзувајќи ја идејата со одобрувањето на Турција за кандидатурата на Шведска за приклучување кон воената алијанса НАТО.

„Разговаравме за тоа како повторно да се ангажираме со Турција“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Брисел.

Реципрочен интерес

Убедени сме дека постои реципрочен интерес за развој на посилни односи меѓу Турција и Европската унија, додаде тој.

Но, истакна дека ЕУ сака Турција да покаже напредок, особено во однос на Кипар, членка на ЕУ, чиј северен дел беше нападнат од Турција во 1974 година и оттогаш е под окупација.

„Решавањето на кипарското прашање во согласност со релевантните резолуции на Обединетите нации ќе биде клучно во овој повторен ангажман со Турција“, рече Борел.

„Исто така, од суштинско значење ќе биде да се зачуваат основните слободи и вредности дефинирани со Европската конвенција за човекови права, чиј дел е и Анкара“, нагласи тој.

Слични содржини