212
Европската унија е подготвена да објави нов пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра, изјавија двајца неименувани официјални лица во пресрет на официјалното соопштение.
Бројката, која ќе ја соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, доаѓа по ревизијата на буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, а во пресрет на меѓународната конференција во Лондон, која ќе се одржи утре и во четврток.
Тема на конференцијата ќе биде зголемување на средствата за обнова на Украина од војната со Русија, објави „Ројтерс“.