Во текот на следните неколку недели Европската унија може да започне нова тужбена постапка против Google за злоупотреба на доминантната позиција во сегментот на некои интернет услуги, пренесе The Wall Street Journal.
Во моментов европските институции разговараат со компаниите кои поднеле жалби против Google . Властите сакаат да добијат дозвола од фирмите да објавуваат дел од податоците кои биле поднесени конфеденциално. Според изворите на весникот, ЕУ сака да ја продолжи започнатата пред пет години истрага против Google. Таа беше прекинувана три пати и провоцираше неколку сериозни политички дискусии помеѓу ЕУ и САД.
Обвиненијата се дека Google користи пребарувач, за да го привлече вниманието на корисниците кон своите услуги, додека свесно го намалува рангот на некој конкуренти. Паралелно со тоа ЕУ ќе продолжи да бара од Google и другите интернет пребарувачи да “заборават” информации за корисниците, кои го побарале тоа во целиот свет. Во моментов резултатите се сокриваат само од европските верзии, што според регулаторите во ЕУ не е доволно.