174
Европската унија е подготвена да предложи пакет финансиска помош од околу 50 милијарди евра за поддршка на Украина додека земјата во контраофанзива се обидува да ја врати својата територија изгубена од руската агресија пред повеќе од една година, пренесува „Блумберг“.
Предлогот на Европската комисија треба да помогне во финансирањето на тековните трошоци на украинската влада и покривање на трошоците за итна реконструкција, велат извори запознаени со планот.
Пакетот, кој и понтаму е подложен на промени, ќе биде објавен денеска пред конференцијата оваа недела во Лондон, на која донаторите ќе разговараат за тоа како да се обнови земјата, а украинските власти ќе побараат учество на приватниот сектор.