ЕУ подготвува трета рунда санкции против властите во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Министрите за надворешни работи на Европската унија проценуваат дека ситуацијата во Белорусија продолжува да се влошува и дека насилството на режимот на претседателот Александар Лукашенко врз граѓаните на оваа источноевропска земја не запира.

„Веќе санкциониравме повеќе од 50 лица во двете рунди санкции, а денес се согласивме да ги продолжиме подготовките за третиот круг, како одговор на бруталноста на властите, но и како знак на поддршка на демократските права на белоруските граѓани“, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел.

Намалување на нивото на соработка

Наведува дека новите санкции ќе важат не само за физички лица, туку и за институции, претприемачи и компании.

Што се однесува до идните односи меѓу ЕУ и Белорусија, Борел претстави извештај пред земјите-членки за залагање за намалување на нивото на билатерална соработка, што според него треба да биде на ниво што ќе му помогне на белорускиот народ, но исто така и на пониско ниво на учество на Белорусија во европската програма на Источното партнерство до „неполитички“.

Земјите-членки на ЕУ ќе одлучат за идните односи со Белорусија во декември.