201
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира споделување на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.
Тие се договорија членките да им пружат помош на земјите каде што пристигнуваат најголемиот дел од мигрантите, пренесува „Ројтерс“.
Како дел од новиот договор, членките на ЕУ прифатија „систем на задолжителна солидарност“ според кој имаат три опции за управување со миграцијата.