Европската комисија им предложи на членките на Европската унија да ѝ доделат на Украина помош од 18 милијарди евра во 2023 година.
„Стабилна, редовна и предвидлива финансиска помош, во просек од 1,5 милијарди евра месечно, ќе покрие значителен дел од краткорочните финансиски потреби на Украина за 2023 година“, се вели во соопштението на европската извршна власт.
Се наведува дека украинските власти и Меѓународниот монетарен фонд проценуваат дека на Украина ѝ се потребни три до четири милијарди евра месечно.
Комисијата се надева дека овој предлог ќе биде усвоен од земјите-членки и од Европскиот парламент до крајот на годината со што првите средства ќе бидат исплатени од јануари 2023 година.