397
Европската унија предложи нов закон поврзан со сообраќајот, со кој се воведува дигитална возачка дозвола на ниво на целата Унија, но и се намалува старосната граница за добивање возачка дозвола на 17 години.
Според новиот закон, 17-годишниците кои ќе добијат возачка дозвола ќе можат да возат само придружувани од возрасно лице кое има и возачка дозвола, пишува „Тајмс оф Малта“.
Како што е наведено, главната цел на новиот закон е борба против сообраќајните прекршоци низ Европа и воведување дигитална возачка дозвола која би важела во целиот блок.