ЕУ предлага минималната старосна граница за добивање на возачка дозвола да биде 17 години

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Европската унија предложи нов закон поврзан со сообраќајот, со кој се воведува дигитална возачка дозвола на ниво на целата Унија, но и се намалува старосната граница за добивање возачка дозвола на 17 години.

Според новиот закон, 17-годишниците кои ќе добијат возачка дозвола ќе можат да возат само придружувани од возрасно лице кое има и возачка дозвола, пишува „Тајмс оф Малта“.

Како што е наведено, главната цел на новиот закон е борба против сообраќајните прекршоци низ Европа и воведување дигитална возачка дозвола која би важела во целиот блок.

Слични содржини