ЕУ предлага нови санкции за кинеските компании кои ѝ помагаат на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Европската унија предложи воведување нови санкции за кинески компании обвинети за продажба на опрема која би можела да се користи за производство на оружје и поддршка на руската воена машинерија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Цитирајќи податоци од копија од листата на санкционирани компании, британскиот весник пишува дека новиот пакет санкции вклучува седум кинески компании за кои ќе разговараат властите во ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

Европската комисија без коментар

На листата се две компании од Кина: 3HC Semiconductors и King-Pai Technology, и две од Хонг Конг: Sinno Electronics и Sigma Technology, кои веќе се под санкции на САД. Американските власти ги обвинуваат дека снабдувале неколку деловни субјекти на рускиот воено-индустриски комплекс.

Европската комисија не одговори веднаш на барањата за коментар.

Слични содржини