ЕУ прифаќа да прими украински бегалци на три години

од Nikola Popovski
251 прегледи

Европската унија едногласно прифати да прифаќа украински бегалци до три години, со услов тие да не мора прво да поднесат барање за азил, изјави германскиот министер за внатрешни работи, пренесува Би-Би-Си.

Повеќе од 100.000 луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија во четвртокот (24-ти февруари).

Огромен број се уште се обидуваат да ја напуштат Украина, особено главниот град Киев. Претседателот Владимир Зеленски одлучи да ги затвори границите со Русија и Белорусија, додека руските трупи преку ноќ успеаја да го освојат вториот по големина град во Украина – Харков.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно изјави дека ЕУ го затвора својот воздушен простор за руските авиони, забрани руски државни медиуми на нејзина територија и воведенови санкции кон Белорусија. Според неа, ЕУ има намера да започне со испорака на оружје за Украина.

Слични содржини