Денес шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе разгледаат воведување нови санкции против Русија поради апсењето на опозиционерот Алексеј Навални.
На состанокот, како што се очекува, ќе се разговара за некои руски официјални лица и ќе се одлучи дали ќе им се наметнат рестриктивни мерки индивидуално или ќе се воспостави нов систем на рестрикции против кршењето на човековите права, но малку е веројатно дека санкции ќе бидат воведени за олигарсите блиски до претседателот Путин, како што беше побарано од Навални, пренесува АП.
„Јасно е дека Русија се конфронтираше со ЕУ“, оцени министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.
Денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас апелираше до своите колеги од ЕУ во Брисел да одобрат подготовка на нов пакет санкции против Русија.
Официјални претставници на ЕУ најавија дека ќе воведат забрана за влез на територијата на ЕУ и ќе ги замрзнат финансиските средства за сојузниците на претседателот на Русија, Владимир Путин.