ЕУ размислува да воведе данок на приходот на платформите за е-трговија

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Европската унија е преплавена со евтини пакети од Азија, а предничат платформите како AliExpress, Shein и Temu. Иако потрошувачите уживаат поради поволните цени, ЕУ е загрижена за безбедносните ризици и фалсификуваните производи. Производите под 150 евра не подлежат на царина, што овозможува масовен увоз.

Со цел да се реши проблемот, Европската комисија, како што објави Фајненшл тајмс, размислува за воведување надоместок за обработка на пакети, односно данок на приходот на платформите за е-трговија.

Иако таквите мерки ќе бараат сложени преговори со земјите-членки и Светската трговска организација, целта е сосема јасна – да се поскапи увозот на ултра евтини стоки и да се заштитат безбедносните стандарди на ЕУ.

Ситуацијата дополнително ја усложнува и тоа што производите вредни помалку од 150 евра не подлежат на царина, што овозможува масовен увоз без никакви пречки. ЕУ не планира да го укине овој праг, бидејќи физички е невозможно да се проверат сите пакети.

Слични содржини