ЕУ размислува за формирање солидарен фонд за Украина

од Nikola Popovski
186 прегледи

Европската унија размислува за формирање солидарен фонд за Украина, за да ѝ помогне во обезбедувањето основни услуги за земјата и да ги задоволи непосредните потреби на граѓаните, изјави во петокот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Фондот ќе обезбеди ликвидност за континуирана поддршка на властите и ќе служи како столб за обновување на слободна и демократска Украина на долг рок кога ќе престанат непријателствата“, напиша Мишел на Твитер.