Европската унија размислува за воведување тарифи за евтини стоки купени преку кинески онлајн платформи како Temu, shane и AliExpress.
Ова денеска го објави „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на три анонимни упатени извори.
Според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку Интернет од земји кои не се членки на ЕУ не подлежат на царина доколку нивната вредност е под 150 евра, а Европската комисија ќе предложи да се укине тој праг подоцна овој месец, според извори.
Европската комисија посочи дека минатата година во ЕУ од странство пристигнале две милијарди пакети вредни помалку од 150 евра и додаде дека овој обем на онлајн трговија ги тестира границите и можностите на царината.
ЕУ разговараше за укинување на ограничувањата како дел од проектот за реформа на тарифите предложен од Комисијата во мај 2023 година, но сега може да се обиде да го забрза неговото усвојување за да се спротивстави на поплавата од евтин увоз.
Критичарите на кинеските платформи Temu, shane во САД тврдат дека овие фирми ги користат придобивките од даночните ослободувања за да ја поткопаат конкуренцијата и да избегнат царини, пренесува Ројтерс.