Земјите-членки на Европската унија денеска се согласија за воведување санкции против четири руски високи функционери вмешани во правните постапки против опозиционерот Алексеј Навални.
Санкциите вклучуваат забрана за издавање визи и замрзнување на имотот на тие функционери во ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на амбасадорите на земјите од Унијата.
Според извори блиски до ЕУ, санкциите се однесуваат на директорот на казнено-поправната служба, Александар Калашников, службеникот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, државниот обвинител Игор Краснов и шефот на руската национална гарда, Виктор Золотов.
Нивните имиња ќе бидат објавени утре во Службениот весник на ЕУ.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Русија „ќе одговори“ на санкциите на ЕУ.
Во средината на октомври, ЕУ воведе санкции против шест руски официјални лица по труењето на Навални, кој беше уапсен на 17 јануари, веднаш по пристигнувањето во Русија.