141
Европската унија останува цврсто против употребата на сила во обид да се промени статус кво состојбата во Тајванскиот теснец, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.
„Продолжуваме да повикуваме на мир и стабилност во Тајванскиот теснец“, додаде Мамер, пренесе „Ројтерс“.
Европската унија вчера изрази загриженост поради воените вежби на Кина над Тајван, велејќи дека статусот на Тајван не треба да се менува со сила, каква било ескалација, инциденти или употреба на сила што ќе има големи глобални импликации.