Европската унија денес се согласи на дополнителни санкции против Белорусија како одговор на присилното слетување на летот „Рајанер“ во Минск во мај, кога беше уапсен новинарот и опозиционер Роман Проташевич.
Санкциите, одобрени од амбасадорите на ЕУ и усвоени од министрите за надворешни работи на ЕУ, на состанокот во понеделникот, се однесуваат на седум лица поврзани со белорускиот авијациски сектор, изјави дипломат на ЕУ за Ројтерс под услов да не се открива неговиот идентитет.
Тој исто така изјави дека амбасадорите на ЕУ го потпишаа четвртиот пакет замрзнување на имотот и забрани за патување, што ќе им се изрече на повеќе од 70 белоруски физички лица, како мерка поврзана со минатогодишните претседателски избори, на кои Александар Лукашенко го освои шестиот мандат, и опозицијата го оспори.
Овие мерки на Унијата веќе беа подготвени во моментот кога на 23 мај, властите во Белорусија наредија авионот на компанијата „Рајанер“ кој се обраќаше на линија од Грција до Литванија, во кој се наоѓаше опозицискиот новинар, присилно да слета во Минск , поради,како што подоцна излезе, лажни извештаи за бомба.