Европската комисија годинава треба да се задолжи околу 80 милијарди евра (97,76 милијарди долари) преку емисија на долгорочни обврзници за финансирање на „Фондот за обновување на следната генерација на ЕУ“, вреден 750 милијарди евра.
Комисијата, извршен директор на ЕУ, рече дека задолжувањето, кое ќе започне кон крајот на јуни, ќе биде надополнето со издавање на краткорочни хартии од вредност на ЕУ во вредност од десетици милијарди евра за покривање на преостанатите финансиски потреби, пренесува Ројтерс.
Планот за финансирање, како што е наведено од ЕК, ќе се ажурира во септември.
„Во текот на втората половина на годината, Комисијата ќе може да ги финансира сите планирани грантови и заеми на земјите-членки во рамките на Инструментот за обновување и издржливост и да ги покрие потребите на политиките на ЕУ за кои се обезбедени средства од следната генерација на ЕУ фонд “, се вели во соопштението на ЕК, објави Танјуг.