ЕУ склопи втор договор со Модерна за набавка на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Европската комисија денес го одобри вториот договор со фармацевтската компанија „Модерна“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози вакцини против ковид 19, од кои 150 милиони дози ќе бидат доставени оваа година, а 150 милиони следната.

– Денес обезбедивме 300 милиони дополнителни дози вакцини против ковид 19 произведени од „Модерна“. Вакцините на таа компанија се едни од трите кои досега се одобрени за употреба во Европската унија – рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен.

Со овие дополнителни дози, ЕУ обезбедува околу 2,6 милијарди дози за нејзините граѓани и за соседните земји.

Слични содржини