ЕУ со “коњски нерви” за Полска, демократијата може малку и да потрпи…

од desk3
91 прегледи

Европската унија (ЕУ) даде на Полска уште време, за да ја совлада уставната криза и ја повлече заканата да упати официјално мислење оваа недела во врска со спорните судски реформи во земјата, пренесува “Ројтерс”.

zx450y250_2765612

Европската комисија (ЕК) започна истрага против Варшава, откако владата усвои промени во начините на работа на Уставниот суд. Според критичарите тие ќе ги спречат судиите да ја манифестираат демократските вредности и да бараат рамнотежа помеѓу трите власти.

Минатата недела ЕУ ја предупреди Полска дека има рок до понеделник (23 мај) да постигне напредок во решавањето на уставната криза, инаку земјата ќе биде под закана од одземање на нејзиното право на гласање во ЕУ – нешто што никогаш досега не е направено.

По состанокот со полскиот премиер Беата Шидло во вторникот сепак заменик-претседателот на ЕК Франс Тимерманс рече дека земјата сама треба да најде решение за кризата.

“Потполно се согласувам со тврдењата на полскиот премиер дека тоа е единствен и само полски проблем”, објасни Тимерманс пред новинарите во Варшава. Портпаролот на комисијата Маргаритис Схинас додаде дека наскоро не се очекува финално решение за продолжување на постапката против Полска.

Лидерите ветија дека ќе ги намалат пречките за хуманитарните организации

Откако дојде на власт минатиот октомври, партијата “Право и правда” ја зајакна контролата врз клучните институции, вклучувајќи тајните служби и јавните медиуми.

Покрај тоа владејачките усвоија закон, со кој се зголемува бројот на уставните судии, потребен за донесување одлуки. Заедно со тоа владата го промени редоследот по кој се разгледуваат барањата, и ги поништи назначувањата направени од претходниот кабинет.

Самиот суд одби да се согласи со новите одредби.

Сега ЕК мора да најде тенка рамнотежа помеѓу земањето на мерки Варшава да не го наруши законот на Унијата, но и да избегне влошување на односите со земја членка во момент во кој блокот се обидува да ја совлада имигрантите криза и е во очекување на референдумот во Британија за членството во ЕУ.

По разговорите со Тимерманс Беата Шидло која во емоционален говор минатата недела објави дека нема да подлегне на ултиматуми, објави дека владата пронашла начини да ја зголеми транспарентноста на работата на Уставниот суд.

Засега ниту Брисел, ниту Варшава посочуваат детали од преговорите.