ЕУ уште еднаш ги повика Белград и Приштина да создадат клима за продолжување на дијалогот

од Radmila Tasevska

Европската унија уште еднаш ги повика Белград и Приштина да создадат клима за продолжување на дијалогот за нормализација на односите.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави за РСЕ дека „работата на дијалогот е во тек“.

„Во последните неколку недели постојано изјавивме дека од страната на ЕУ постои јасно очекување од страните да преземат многу добро дефинирани чекори за деескалација и да создадат услови за продолжување на дијалогот“, рече Стано.

Тој ја подвлече „суштинската важност“ од продолжување на дијалогот без одлагање, со имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за спроведување.

Стано изјави дека се уште нема датум за новата средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аlбин Курти во Брисел, за која специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак изјави дека ќе биде во септември.

Лајчак денеска во Белград разговараше со Вучиќ како дел од подготовките за претстојната средба на високо ниво во бриселскиот дијалог. Претходно, во понеделникот, тој разговараше со Курти на маргините на Бледскиот стратешки форум.

Слични содржини