ЕУ увезува се помалку енергија

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Во вториот квартал, увозот на енергетски производи во ЕУ е намален за 39,4 отсто на годишно ниво во однос на вредноста на увозот и за 11,3 отсто во однос на количината на увозот, односно масата изразена во тони, соопшти денеска Евростат.

На овој начин продолжува трендот од првиот квартал кога е забележан пад од 26,5 отсто, или 6,1 отсто на увозот на нафта во ЕУ, во однос на истиот квартал лани.

Увозот на нафтени деривати од Русија падна за 82 отсто од месечен просек од 8,7 милиони тони во вториот квартал од 2022 година на 1,6 милиони тони во вториот квартал од оваа година, додека увозот од други земји надвор од ЕУ се зголеми во истиот период за 5,8 милиони тони до 37,3 милиони тони.

Слични содржини