Иран го задржува правото на реципрочна и пропорционална акција откако ЕУ воведе нови санкции поради наводната поддршка на Техеран за руската инвазија, соопшти иранското министерство за надворешни работи и повторно демантираше дека Иран испраќа беспилотни летала во Русија, пишува „Гардијан“.
ЕУ вчера објави дека ќе го забрани извозот на компоненти кои се користат во изградбата и производството на беспилотни летала (UAV). Исто така се предвидува ограничувања за патување и замрзнување на средства за поединци одговорни или поддржувачи на иранската програма за беспилотни летала.
ЕУ стави и шест ирански државјани на листата на санкции за поддршка на руската агресивна војна против Украина и сирискиот режим.
„Поврзувањето на украинската војна со билатералната соработка меѓу Иран и Русија е политички мотивирано. Иран го задржува правото да преземе реципрочни и пропорционални акции против санкциите на ЕУ и нејзините членки“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канаани.