Европската унија денеска воведе санкции за членовите на воената хунта во Мјанмар и на новоименуваниот министер за информации, а од санкциите беа погодени и две корпорации под контрола на воениот режим.
Санкциите на ЕУ се најостриот одговор на воениот удар кој на први февруари ја симна легално избраната премиерка, добитничка на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи.
Деветмина членови на државниот административен совет, кој беше формиран ден по пучот, се најдоа на удар на санкциите.
На членовите на тоа тело и на новиот министер за информации, Ју Чит Наинг, ЕУ и САД им воведоа забрана за патување ги замрзнаа финансиските средства, пренесува „Ројтерс“.
Минатиот месец, ЕУ на т.н. црна листа го стави врховниот командант на сојузничките сили на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг и Минт Свеа, кој ја извршува должноста претседател на државата од преземањето на власта.