133
Европската унија денеска постигна технички договор за воведување економски санкции кон Белорусија откако Австрија ги повлече своите приговори, кои меѓу другото предвидуваат забрана за нови заеми за таа земја, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на два дипломатски извори.
Договорот треба да биде одобрен и од политичките структури, а експертите задолжени за изготвување на санкциите предвидоа забрана за извоз на каква било комуникациска опрема и оружје во Белорусија, додава Танјуг.
Тие исто така се согласија дека ЕУ ќе го ограничи откупот на тутунски производи, нафта и нафтени деривати од Белорусија и ќе го забрани увозот на калиум, кој има голем удел во белорускиот извоз.