Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да воведат санкции за раководителите на безбедносните структури во Русија, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломатски извор во Брисел.
– Шефовите на дипломатиите се согласија да ја започнат постапката за воведување санкции за руските државјани во случајот Навални – пренесува агенцијата.
Како што се наведува, беше предложено на црната листа да бидат вклучени шефот на Истражниот комитет на Русија, шефот на Руската управа за извршување на казни, Државното обвинителство и командантот на Руската гарда. На сите членови на безбедносните структури ќе им биде забранет влез во земјите на Европската унија на една година и нема да можат да чуваат пари во банките на ЕУ.
Да потсетиме, Навални беше уапсен на аеродромот во Москва, бидејќи, како условно осудено лице, тој не одговорил на повиците на полицијата. Тој имал две условни казни.