Европската унија ќе ја заврши постапката за воведување нови санкции кон Москва до 5 март.
Одлуката на ЕУ доаѓа откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше осуден на затворска казна, синоќа изјавил дипломатски извор од Брисел за медиумот ТАС С.
– Активно работиме на санкции. Процесот ќе биде завршен најдоцна до 5 март, а санкциите потоа можат да стапат во сила – навел изворот.