ЕУ воведува задолжителен АИ систем за нови автомобили? Сами ќе забавуваат ако се надмине брзината

од Vladimir Zorba
303 прегледи

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА (ЕК) размислува да воведе одредба со која се бара нови модели на возила да се продаваат со вграден информативен систем за брзина.

Intelligent Speed Adaptation (ISA) е систем што го известува возачот на неколку начини и предупредува на надминување на законското ограничување на брзината. Поврзан е со GPS и дигитални мапи и автоматски се прилагодува на ограничувањата на одделните патишта.

Постојат неколку начини на кои ISA работи. На пример, информативната ISA му дава повратна информација на возачот преку визуелен или аудио сигнал, предупредувачката ISA го зголемува спротивниот притисок врз педалот за гас (го отежнува забрзувањето), а интервентната ISA го намалува забрзувањето со различни функции, како што е намалувањето на вбризгувањето на горивото . Возачот ќе има можност да го ресетира / исклучи системот и да ја преземе контролата над возилото во сите режими.

Преголемата брзина предизвикува околу 30% од фаталните сообраќајни несреќи. Во просек, 40% до 60% од возачите го надминуваат ограничувањето на брзината.

Затоа, Европската унија ги истражи сите начини на кои напредната технологија може да ја подобри безбедноста на патиштата. Експериментите со системот ISA беа спроведени во десет европски земји: Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Унгарија, Холандија, Шпанија и Шведска. Претходната студија во Холандија покажа дека ISA може да го намали бројот на приеми во болница за 15% и бројот на смртни случаи за 21%, пишува ЕК.

Според анкетите на граѓаните на Европската унија, приближно 60% до 75% од нив би го прифатиле системот ISA во своите автомобили.

Јавната расправа за нацртот на новата европска регулатива заврши пред еден месец. На состанокот во мај, членките на ЕУ го дадоа своето неформално одобрување на нацрт-техничките спецификации на ISA, што ќе биде официјално усвоено во јуни.

Европскиот совет за безбеден транспорт (ETSC) го поздрави одобрувањето на ISA од земјите-членки на Европската унија. Според предложениот план, ЕУ до следната година ќе има најстроги безбедносни стандарди за возилата во светот со системи што вклучуваат сопирање во итни случаи (AEB), помош за задржување на возила во возната лента (ELKS) и системот ISA. Во 2024 година, секој нов продаден автомобил во ЕУ ќе мора да ги има сите овие безбедносни системи.

Односно, предлогот е да се направи ISA задолжителен за категориите возила М1, Н1, М2, Н2, М3 и Н3 до 6 јули 2022 година и за сите нови видови возила во Европа до 7 јули 2024 година. Некои производители веќе нудат таков системот денес како дополнителна функција во нивните возила.

Слични содржини