176
ЕУ замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави комесарот за правосудство при Европската комисија Дидие Рејндир.
„Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија“, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“.
ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на рускиот напад врз Украина пред осум месеци.
ЕУ, исто така, замрзна 300 милијарди евра од девизните резерви на Руската централна банка, истакна Рајндир.
„Од моја гледна точка, барем е можно да се задржат овие 300 милијарди евра како гаранција додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина“, рече тој.