19
Правниот статус на милиони украински бегалци во Европската унија може да биде загрозен бидејќи не постои јасен план да им се дозволи да останат во ЕУ по постигнувањето на примирјето меѓу Украина и Русија, пишува денеска Еурактив.
Како што е наведено, од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, Директивата за привремена заштита на ЕУ (ТПД) претставуваше правен спас за речиси 4,3 милиони украински бегалци, бидејќи врз основа на тоа тие добија право да останат и да работат во земјите на ЕУ.
Најголем број бегалци се населиле во Германија, Полска, Чешка и Словачка.