211
Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор, соопштија од компанијата.
„Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени.
По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори“, додадоа од „Еуромакс Ресоурцес“ во својата реакција.