„Еуромакс рисорсес“: Во тек е повик за финанисрање на проекти во струмичкиот регион во вредност до 1 милион евра

од Vladimir Zorba

Компанијата „Еуромакс рисосрсес“ изрази благодарност до граѓаните за позитивната и граѓански одговорна реакција на нивниот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“. Во охрабрувачки голем број е контактирана компанијата и предложени се конструктивни идеи за приоритетни проекти за реализација!

„Сакаме транспарентно да споделиме дел од ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ:

– Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица „Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово „Св. Климент Охридски„ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село „ЈУ Институт за Заштита и Рехабилитација“, Банско, општина Струмица

– Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село

– Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново – Иловица во должина од 6 километри

– Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново …
проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука систем за наводување

– од неколку невладини организации дојдоа предлози за реконструкција на туристичките локалитети, Еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина

– Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини

– Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри, општина Струмица

– наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството

– финансиски грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.

Ајде СИТЕ да се надминеме себе си и околу овие благородни активности во интерес на СИТЕ Жители од струмичкиот регион – ДА НЕ СЕ ДЕЛИМЕ ПО ПАРТИСКА, ЕТНИЧКА, РЕЛИГИОЗНА или која било друга РАЗЛИЧНОСТ!!!

Потребни се Позитивни Дела и Реални ИНВЕСТИЦИИ за РАЗВОЈ. СЕГА И ВЕДНАШ!, соопштија од „Еуромакс рисорсес“.

Слични содржини