Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, организира роденденската дебата, од серијата “Europe Talks” дебати, на ЏЕФ Македонија „Occupy All Streets: Кога институциите ќе стивнат“.
Јавната дебата ќе се одржи на 22ри мај (недела), во просториите на МКЦ (Клуб и Ресторан), Скопје, со почеток во 17.00 часот.
На темата ќе говорат: Малинка Ристевска Јорданова (ЕПИ), Симона Спировска (Протестирам), Александар Пандов (ГДОМ), Биљал Касами (БЕСА), и Џелал Хоџиќ .