63
Актерката Ева Лонгорија призна дека се доверува на советите на поранешната пејачка и актуелен моден дизајнер Викторија Бекам, кога станува збор за тоа како изгледа.
Лонгорија изјави дека постојано ѝ праќа фотографии на сопругата на Дејвид Бекам од облеката, со која планира да биде облечена на црвениот тепих и други важни настани, за да може таа да го сподели своето мислење за моделите.
“Испраќам фотографии и ја прашувам што треба да облечам. Го обожавам тоа што Викторија е минималист. Таа носи деликатен накит и сѐ на неа е со чисти форми”, вели Лонгорија пред австралискиот “Вог”.
“Навистина се восхитувам на тоа, бидејќи ако станува збор за мене, јас изгледам како божиќно дрвце”, вели уште ѕвездата.