405
Ева Лонгорија уште еднаш покажа дека нејзините години не ѝ можат ништо, а тоа го докажа со фотографија во бел костим за капење која ја објави на својот Инстаграм и ги воодушеви своите следбеници ширум светот.
Таа често го покажува своето сончано тело на социјалните мрежи, а овој пат во коментарите ја се огласи и Викторија Бекам.
„Изгледаш неверојатно“, напиша дизајнерката и блиска пријателка на Ева.
Лонгорија инаку нема проблем со самодовербата. Таа често знае да објавува слики во своето природно издание, и да оди во продавница во лежерна, спортска облека.