Откако во Лондон го прослави Божик заедно со својата пријателка, дизајнерката Викторија Бекам и нејзиното семејство, Ева Лонгорија се преселила во потполите краеви, за што сведочат и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Лонгорија со семејството ужива на новогодишен одмор во Мексико, а летните температури во Лос Кабос и одговараат, па таа постојано споделува фотографии во костим за капење.
На фотографиите Лонгорија ужива на базен, држејќи го малиот син во прегратки. Таа со фановите споделила и други фотографии од луксузниот ресорт, сончање на плажа, и прекрасните заоѓања на сонцето, а фановите ја забележаа нејзината прекрасна фигура, на која заработи многу комплименти.
Лонгорија со својот трет сопруг се венчаше токму во Мексико, на интимна церемонија.