Уште еден лет од Пакистан со 160 авганистански бегалци слета синоќа во Шпанија, ден откако пристигна првиот лет, изјави шпански дипломатски извор за АФП.
Авионот слета во близина на Мадрид во 20:45 часот со 160 Авганистанци, вели изворот, додавајќи дека на вчерашниот лет имало 84 Авганистанци.
Операцијата со два лета веќе долго време ја подготвува шпанската влада. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарез во септември отпатува за Пакистан и Катар за да разговара за ова прашање.
Како и многу други западни земји, Шпанија кон крајот на август воспостави воздушен мост за евакуација на стотици луѓе од Авганистан, каде Талибанците ја преземаа власта на 15 август. Тој воздушен мост беше прекинат кога заминаа последните американски војници кои го држеа аеродромот во Кабул.
Шпанија евакуираше вкупно 2.206 луѓе, претежно Авганистанци и нивните семејства од Кабул.
Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, во петокот ги повика земјите-членки на ЕУ да прифатат најмалку уште 10.000 и 20.000 авганистански бегалци.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН ѝ предложи на Европската унија да преземе над половина од 85.000 Авганистанци кои се засолниле во Пакистан и кои треба да бидат преместени во следните пет години.