Грчките власти ги евакуираа жителите во близина на одморалиштето Ватера на островот Лезбос во Егејското Море, поради шумски пожар кој се приближил до куќите, пишува грчкиот портал Екатимерини.
„Се бориме да ги зачуваме домови“, рече Таксиархис Верос, градоначалник на западен Лезбос.
Една жителка за државната телевизија ЕРТ изјавила дека нејзината куќа е во пламен.
https://twitter.com/Brave_spirit81/status/1550860124360785921
Ројтерс јавува дека еден пожарникар е повреден и дека е оштетен барот на плажата на Ватера и дека има запалени чадори.
Ватера има песочна плажа долга осум километри и е популарна туристичка дестинација.
Поради пожар во планините недалеку од Атина, на почетокот на неделата беа евакуирани неколку стотици луѓе, а оштетени се и неколку куќи.
Во Грција второ лето беснеат шумски пожари.