Наведени се настани кои можат да доведат до непредвидливи последици за сите
Рангирањето на евентуални настани кои можат да го загрозат светот како целина се прави не за прв пат. Во 2016 година, сепак набројувањето на опасностите пред економијата, мирот и балансот на силите изгледа многу реално, отколку пред кризата од 2008 година.
Повеќето од настаните можат да се случат во секој момент, ако нешто ги доведе светските лидери до ризични одлуки и конфликт меѓу велесилите. Има и такви кои ќе станат на точно одреден датум-пример претседателските избори во САД. Сите тие се оценети со точки-колку повеќе, толку поголема опасност за светот, ако се случат.
Еве ја листата:
1. Кинеската економија се урива- 20 поени.
2.Русија продолжува да се меша во Украина и Сирија и започнува нова “студена војна” -16 поени.
3.Светските валути достигнува врв по испаѓање на пазарите во развој во корпоративна должничка криза- 16 поени.
4.Европската унија се распаѓа-15 поени.
5. Грција банкротира и еврозоната се распаѓа-15 поени.
6. Доналд Трамп стана претседател на САД-12 поени.
7. “Исламска држава” внесува хаос во Европа и САД и потоа ја погодува и светската економија-12 поени.
8.Великобританија излезе од ЕУ-8 поени.
9. Воен судир меѓу Кина и Јапонија во јужно-кинеско море-8 поени.
10.Крах на нафтени компании, пад на инвестициите во секторот и нов цена шок на пазарите-4 поени.