Неколку дена пред официјалната премиера на серијата P20 на Huawei Еван Блас (@evleaks) е подготвен да ни открие како изгледаат уредите во неа.
Во последните недели видовме многу слики и рендери на трите очекувани смартфони, но нема да одбиеме уште слики, особено штом доаѓаат од таков сигурен извор.
Генерално и трите телефони имаат сличен дизајн со дисплеј со сооднос 18: 9, кој е исечен во горниот дел, каде се сместени камерата, сензорите и звучникот, метална рамка и заден панел кој најверојатно е стаклен.
Разлика има во однос позицијата на сензорот за отпечатоци – одзади кај P20 Lite и под екранот при останатите два модела. P20 Lite и P20 се со двојна главна камера, а P20 Pro ќе не изненади со тројна и искрено немаме трпение да разбереме какви изненадувања крие.
Според фотографиите, двата поскапи модели имаат различен блиц кој изгледа слично на новите iPhone-и со четири LED извори на светлина.
Целосните детали ќе се дознаат на 27-ми март.
Huawei P20, P20 Lite, and P20 Pro (top to bottom) pic.twitter.com/FK8iyxyQND
— Evan Blass (@evleaks) March 7, 2018