Она што треба да го сториме сега е да се концентрираме на економски прашања со цел да создадеме мини Шенген зона, рече Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на првата специјална економска зона во Кина, пренесе „Блиц“.

На овој начин, тој зборуваше за претстојната средба на претставниците на Белград и Приштина во Вашингтон, која според најавите, ќе се одржи во сабота во Белата куќа.
– Тоа сè уште не е целосно спроведено, но имаме договор и работиме на тоа. Исто со договорот за железницата, со што би се отвориле границите за трговија и големиот договор за границата со моторниот сообраќај. Тоа е обид да се концентрираме на економската состојба, да создадеме мини Шенген зона – рече Гренел.
Како што рече во интервјуто за телевизијата Newsmax , тој во сабота ќе се фокусира на економски, а не на политички прашања. Во тој поглед, Гренел го спомена постигнатиот договор во врска со воздушниот сообраќај (воздушна линија меѓу Белград и Приштина), нарекувајќи го историски, истакнувајќи дека тој бил потпишан прв пат после 21 година.
Во Вашингтон, патем, Белград ќе го претставуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а Приштина, Хашим Тачи и Авдулах Хоти.