Од сега ќе може да реагирате и одговорите на статус со Love, Haha, Wow, Sad и Angry, покрај познатото Like. Доколку не ги гледате реакциите на вашиот „Фејсбук“, ова се следните чекори:

На компјутер
На комјутерската верзија од социјалната мрежа, само поминете со глувчето над копчето Like и новите реакции ќе се појават над него. Откако ќе ги искористите новите реакции, секоја објава ќе ги покажува реакциите кои најмногу биле искористени на таа објава.Напомена- на една објава може да се искористи само една реакција.

На вашиот мобилен телефон
Во апликацијата на социјалната мрежа ајпрво треба да ја затворите апликацијата целосно и повторно да ја отворите пред да се појават реакциите. Откако ќе го притиснете копчето Like, ќе се појави порака која ќе ве насочи да го држите копчето за да се појават другите реакции.