Следниот Huawei предводник на серијата P ќе биде објавен на 27-ми март, со очекувањата дека заедно со него ќе ги видиме и моделите во категориите Lite и Plus.
Очекувањата се исто така еден од моделите да има тројна камера на задниот панел и сега производител на заштитни маски за паметни телефони покажува точно како ќе изгледа. Трите комори се лоцирани вертикално во горниот лев агол на грбот додека една од фотографиите покажува модел со две камери, уште еднаш, кои се наоѓаат една под друга. Можно е да видиме стандарден P20, а верзијата Plus да се надгради со уште еден сензор.
Под нив има нешто што изгледа како LED блиц, а постои и ласерски автофокус веднаш до него. Се разбира, маската не може да ни каже како функционира камерата, па ние ќе мора да почекаме уште два месеци.
Уште еден интересен детал е дека од сликата може да се види дека P20 нема стандарден аудио влез.
Да се надеваме дека ова не е случај.