САД воведоа нови санкции против “Гаспром”, кои ја доведуваат во прашање иднината на единствената руска фабрика за течен гас. Од соопштението на федералниот регистар на американското Министерство за трговија, станува јасно дека се забранува трговија со опрема произведена во САД за потребите на рускиот гасен и нафтено наоѓалиште Јужно-Киринското поле, соопшти сајтот “Дневник”. Оваа забрана влијае врз конкретно гасно наоѓалиште во Охотско Море на исток од островот Сахалин, кој Русите планираат да ги експлоатираат.
Во соопштението на САД се вели дека наоѓалиштето има значителни количини на нафта и гас, а државните санкции се прошируваат на сите корисници на опремата во Русија и други држави, кои би можеле да го продадат на Русите. Условот е опремата да е произведена од американски компании.
Опрема за слични наоѓалишта во светот развиваат само 4 компании – американските FMC Technologies, Cameron, GE Subsea и норвешката Aker.
Јужно-Киринското поле се наоѓа на 35 километри од брегот, содржи 640 милијарди кубни Метри природен гас и 97 милиони тони кондензат, што го прави еден од најголемите во рускиот дел. Тоа отстапува само пред гигантското наоќалиштето Штокмановское во Баренцовото Море на североисток од брегот на Норвешка, каде што има 3.9 трилиони кубни метри гас. Развој на Штокман сепак е одложено, додека за оваа област Русите имаа планови за експлоатација за 3-4 години.
Новата експлицитна санкција на САД е конкретно за тоа гасно наоѓалиште, бидејќи имаше сомневања дали досега тоа спаѓа во санкциите за испорака и експлоатација на опрема за длабоки наоѓалишта. Тоа се наоѓалишта на длабочина над 150 метри. Според официјалната информација Јужно-Киринското поле се експлоатира на длабочина од 11 до 320 метри.
Пред една година рускиот министер за енергија Александар Новак рече дека во Јужно-Киринское се откриени и големи резерви на нафта – околу 464 милиони тони, кои сепак уште не се евидентирани во билансот на ресурсите на “Гаспром”. Тоа е најголемото наоѓалиште на нафта во Русија.
“Газпром” планираше да започне експлоатација м од 2018-2019 година, но по санкциите на САД сето тоа изгледа ќе остане за наредни години . За првпат Вашингтон воведува санкции против конкретен објект, а не против физичко или правно лице.
Гасниот концерн на Русија имаше големи планови за тоа наоѓалиште и во јуни најави дека заедно со “Шел” ќе изградат трета фаза од фабриката за втечнување на гас на островот Сахалин. Фабриката во Владивосток, дел од проектот “Сахалин-2”, е единственото слично претпријатие во земјата со моќност од 10 милиони тони годишно. Третата фаза се планираше да се зголеми за 50% овој капацитет и да проработи во 2021г. Сега останува нејасно со каков точно гас ќе се напојува фабриката.
Првите слични санкции беа воведени од САД пред една година. Тогаш ограничувањето засегна околу 30 предмети, вклучувајќи платформи за дупчење, елементи за хоризонтално дупчење, подводно опрема, морски капацитети за работа во Арктикот услови и софтвер за т.н. хидраулично разбивање на слоеви, познато како фракинг.
Во септември листата беше проширена со сите стоки кои можат да се користат во Арктикот, на пет руски компании: “Гаспром”, “Гаспром нафта”, Лукоил “Сургутнефтегаз” и “Роснефт”.
Валериј Нестеров, аналитичар на Сбербанк CIB, коментира дека со ембаргото против Јужно-Киринское, Американците му пронашле ранливо место на “Газпром” и тоа во сектор, каде што компанијата е неповолен конкурент за стратешката иднина на американскиот течен гас на азискиот пазар.
