Ако барате еден едноставен (и пријатен) начин за секојдневен тренинг на вашиот мозок, имаме добри вести. Најновите истражувања покажаа дека пиењето одредена количина вино секој ден е всушност корисно за вашиот мозок, пренесе „Индекс.хр“.
Според истражувањето на Универзитетот во Џорџија спроведено во јуни 2020 година, мало до умерено пиење вино всушност може да ги зачува когнитивните функции во староста.
„Знаеме дека има некои постари луѓе кои веруваат дека пиењето малку вино секој ден може да го задржи добриот когнитивен статус“, рече главниот автор на студијата Руијуан Жанг од Колеџот за јавно здравство.
Оваа студија имала за цел да утврди дали ова верување е спротивно на науката. Истражувачите откриле дека „во споредба со оние кои не пијат, оние кои пиеле една или две чаши на ден имале подобри резултати на когнитивните тестови“.
Студијата проучувала 20.000 учесници во текот на 10 години. На секои две години, испитаниците одговарале на низа прашања во врска со различни аспекти од нивниот живот, вклучувајќи ги и навиките за пиење. Когнитивната функција на учесниците беше измерена со низа тестови, вклучително и сеќавање на зборови и вокабулар, за да се процени нивниот целокупен ментален статус. Средовечни и постари учесници кои пиеле вино умерено (дефинирано како помалку од осум чаши неделно за жени и 15 чаши или помалку неделно за мажи) постигнале повисоки резултати на когнитивните тестови и покажале пониски стапки на опаѓање когнитивните функции.
Според студијата, идеалниот број на чаши вино неделно е помеѓу 10 и 14, но Жанг рече дека тоа не треба да ги охрабрува луѓето да почнат да пијат повеќе ако вообичаено пијат помалку од тоа, пишува Best Life.
„Ако некои луѓе не пијат алкохол, ова истражување не ги охрабрува да пијат за да спречат пад на когнитивните функции“, напоменува тој.