Еве колку чаши вода всушност треба да пиеме на ден

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Повеќето луѓе не пијат доволно вода. Иако не е добро, голема грешка е и да претерате со водата. Ешли Самерс почина од труење со вода, откако испила околу два литра вода за само 20 минути, пренесе Стандард лајф.

Според д-р Марјан Могадам, лекар за семејна медицина, недоволното внесување вода може да предизвика главоболки, запек, замор, сува кожа и сува уста.

„Понекогаш луѓето погрешно ја сметаат жедта со глад и јадат повеќе, но всушност само треба да пијат повеќе“, тврди докторот.

По бојата на урината, можеме да кажеме дали пиеме доволно вода. Healthline наведува дека здравата урина има светложолта боја. Ако е темножолта, не внесуваме доволно течност.

Колку вода треба да пиеме на ден?

Општото упатство е дека ни требаат шест до осум чаши вода дневно, вклучувајќи чај и кафе. Но, диететичарката Ејми Гудсон за New York Post го тврди спротивното.

„Точно е дека многу фактори влијаат на тоа колку вода ви треба, вклучувајќи ја вашата возраст, пол, ниво на активност и целокупното здравје. За жените, вкупната количина на вода е околу 11,5 чаши дневно, а за мажите околу 15,5 чаши. Сепак, овие проценки вклучуваат течности што секонсумираат од храна и пијалаци. На жените им требаат околу девет чаши течност дневно, а на мажите околу 13 чаши за да ја заменат количината на изгубена вода“, рече Гудсон.

Слични содржини