Еве колку Тејлор Свифт влијаеше на гледаноста на Супер Боул: Ѕвездата беше прикажана помалку од минута

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Овогодинешниот Супер Боул имаше просек од 123,4 милиони гледачи, што го прави најгледаниот телевизиски пренос и вториот најгледан настан во САД по слетувањето на Месечината на Аполо 11.

Претходниот рекорд го држеше минатогодишниот Супер Боул, кој во просек имаше 115,1 милиони гледачи, а CBS Sports ги објави неверојатните бројки помалку од 24 часа откако Канзас Сити Чифс го освои Lombardi Trophy, откако ги победи Сан Франциско 49ерс со резултат 25:22 во Лас Вегас.

И додека многумина претпоставуваа дека суперѕвездата Тејлор Свифт е најзаслужна за ваквите бројки, таа беше прикажана во преносот на CBS само 54 секунди, што всушност е помалку од еден процент од вкупното време на играта. Останатите десет најгледани настани на сите времиња се исто така преноси од Супер Боул, а од 2011 година до сега, што покажува дека Тејлор сепак веројатно немала толку големо влијание врз конечната гледаност и дека настанот е сè уште популарен и без неа.

Сепак, милиони фанови на Тејлор гледаа неколку натпревари на Чифс во текот на целата сезона, помагајќи ѝ на НФЛ да постави рекорди во гледаност, а нејзиното појавување на стадионот во Лас Вегас ги мотивираше да го следат овогодишниот Супер Боул.

Слични содржини