Прославениот холивудски режисер Мартин Скорсезе во новото интервју за магазинот “Емпајер“ прозборе за Марвел филмовите и ги разочара нивните обожаватели.
Имено на прашањето дали гледал некој филм од Марвел, базиран на стрип јунаците, тој одговори „Се обидова, ама тоа не се филмови“.
– Не гледам тежина во Марвел филмовите. Искрено, колку и да се добро снимени и има актери кои даваат сѐ од себе во дадените околности, ме потсетуваат на забавни паркови. Овде не станува збор за филмови со луѓе кои се обидуваат да пренесат емотивни и психолошки искуства на други луѓе – искрено одговори тој.
Ваквиот став на оскаровецот, бројните обожаватели на Марвел филмовите не го дочекаа благонаклонето, но земајќи го во предвид филмското наследство кое Скорсезе го има оставено и кое е неспоиво со филмовите за суперјунаците кои рушат рекорди во кино салите, не е ни малку чуден.
Еве што мисли Мартин Скорсезе за филмовите од Марвел
343